Православен календар

Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета

5 септември (по стар стил)

Родители на светиот Јован Претеча. Захарија беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот јерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод детеубиецот, еден ден кога Захарија служеше според својата чреда во јерусалимскиот храм, во олтарот му се јави Ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А Ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лк. 1). И му објави Ангелот дека неговата жена Елисавета ќе роди син, според нивните молитви. А беа обајцата стари, и Захарија и Елисавета. Кога Захарија се посомнева во зборовите на небесниот известител, Ангелот му рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога.“ И онеме Захарија од тој миг, и не проговори додека не му се роди синот и додека не напиша на табличка: „Јован му е името.“ Тогаш му се отвори устата и Го величаше Бога. Подоцна, кога се роди Господ Исус и кога Ирод почна да ги убива децата во Витлеем, Ирод испрати да го најдат и синот на Захарија и да го убијат. Бидејќи Ирод имаше чуено за сè што му се случи на Захарија и како се роди Јован. Кога ги виде војниците, Елисавета го зеде Јован на раце - тогаш имаше една и пол година - и побегна со него од дома, и бегаше по каменливи и пусти места. Гледајќи ги војниците како ја гонат, таа повика кон гората: „Горо Божја, прими ја мајката со дете!“ И се отвори карпата и ги скри во себе мајката и детето. Ирод, разјарен затоа што не го заклаа Јован, нареди да го заколат Захарија пред олтарот. Крвта на Захарија се истури врз мермерот и се стврдна како камен, та остана така како сведоштво за злосторството на Ирод. А таму каде што се скри Елисавета со Јован, се отвори пештера и потече вода и со Божја сила израсна плодородна палма. Четириесет дена по смртта на Захарија се упокои и блажената Елисавета. И остана младенецот Јован во пустината, хранет од Ангел и чуван од Божјата Промисла до оној ден кога требаше да се јави на Јордан.

Сподели на твитер
днсСептември 2023
П119
С220
Н321
П422
В523
С624
Ч725
П826
С927
Н1028
П1129
В1230
С1331
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Септември
23
Септември
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Претходните гревови, ако се враќаат во сеќавањата, штетат. Бидејќи ако тие носат со себе жал тогаш оддалечуваат од надежта, а ако се преставуваат без жал тогаш ја внесуваат во нас претходната скверност. Ако сакаш да Му принесеш на Бога неосудено исповедање, тогаш немој да се потсетуваш на гревовите според нивниот вид, но мажествено трпи ја скрбта која доаѓа поради нив.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 151, 153

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк