Православен календар

Светиот свештеномаченик Кипријан

31 август (по стар стил)

Се роди од родители неверни, та и самиот беше воспитан во незнабоштво. Стана прочуен во Картагена како учител за философија и реторика. Беше женет. Но, кога стана христијанин, престана да живее со жената и се предаде на деноноќен подвиг на проучување на Светото Писмо и восовршување на својот карактер. Заради неговите необични добродетели беше избран за презвитер, а набрзо и за епископ. Колку што беше милостив кон христијаните толку беше тврд кон еретиците. Под раководство на Светиот Дух напиша бројни поучни дела. Особено снажно пишуваше против идолопоклонството, јудаизмот и ереста на Новатијан. Прекрасни му се написите за девственоста, за мачеништвото, за милостината, за трпението, за молитвата Господова итн. Пострада во времето на Валеријан и Галиен, во 258 година. Пред смртта Му се помоли на Бога, го благослови народот, и остави дваесет и пет златници за да му се дадат на џелатот што ќе го погуби. Тој е пример на недостижна христијанска величина и великодушност.

Сподели на твитер
днсЈуни 2026
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
24
стар
стил
Мај
6
Јуни
нов
стил
Сабота. Оддание на Педесетница. Не се пости.
Преп. Симеон столпник (596); Преп. Никита, столпник Переславски (1186)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Браќа и сестри! Семилостивиот Бог сака сите да бидеме среќни, и во овој живот и во идниот. Поради тоа Он ја основал Својата света Црква, за да нè очистува од гревовите, да нè осветува, да нè помирува со Него и да ни подари небесен благослов. Во Црквата секогаш се отворени прегратките за сите. Да поитаме кон нив и сите ние на кои совеста ни тежи. Да поитаме и Црквата ќе го подигне нашиот товар, ќе ни подари слобода пред Бога, ќе го наполни нашето срце со среќа и блаженство.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк