Православен календар

Преподобен Аврамиј Смоленски

21 август (по стар стил)

Роден е во градот Смоленск, по молитвите на своите родители. Рано стапи во монаштво и се предаде на голем подвиг подражавајќи ги древните пустински отци. Подоцна го основа манастирот на Чесниот Крст кај Смоленск. Претрпе многу искушенија од демоните и од луѓето, со големо трпение и благодарност кон Бога. Еднаш во време на голема суша, со молитва изведе дожд. Откако помина педесет години во монашки чин, се упокои мирно во Господа, околу 1220 година.

Сподели на твитер
днсЈуни 2025
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јуни
14
Јуни
нов
стил
Сабота. Оддание на Педесетница. Не се пости.
Мч-ци Јустин Философ и со него постраданите (166); Св. Јустин Ќелијски (1979)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Среќен е човекот во кого има љубов Божја, бидејќи он во себе Го носи Бога. Во кого има љубов, тој заедно со Бога е над сè. Во кого има љубов, тој не се плаши, од никого никогаш не се гнаси, пред никого не се превознесува, никого не клевети, а оние кои клеветат не ги слуша, не соперничи, не завидува, не се радува на туѓите падови, не го оцрнува оној којшто паднал, туку сочувствува со него и му помага, не го презира братот кој има потреба од нешто, туку се застапува и е готов да умре за него. Во кого има љубов, тој ја исполнува волјата Божја.

Преп. Ефрем Сирин
Духовно-морални писма

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк