Православен календар

Праведна Ревека

неделата пред Рождеството Христово

Жена на праведниот Исаак, синот Авраамов. Авраам живеејќи во Ханаан, далеку од родниот крај, решил да најде жена за својот син Исаак, од Хараан, неговиот роден крај. Неговиот слуга Елеазар се упатил во Месопотамија и таму ја одбрал Ревека. Исаак ја засакал Ревека и се оженил со неа. Таа останала неплодна 20 години, после што родила близнаци: Исав и Јаков. Во текот на својата бременост, таа од Бога дознала за предназначението Негово за нејзините синови – обајцата ќе станат родоначалници на два народа, но постариот ќе му биде потчинет на помладиот. Погребана е заедно со нејзиниот сопруг Исаак.

Сподели на твитер
днсФевруари 2024
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Февруари
26
Февруари
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Преп. Мартинијан (V); Преп. Зои и Фотина (V); Св. Симеон Мироточив (1200)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некому некогаш му направите милост – за тоа ќе бидете помилувани. Ако покажете сострадание кон оние кои страадат (а тоа не е големо дело) – ќе се приброите кон мачениците. Ако му простиш на оној кој те навредил, тогаш за тоа не само што ќе ти се простат сите гревови, но и чедо на Отецот Небесен ќе бидеш. Ако се помолиш од срце за спасение, дури и малку – ќе се спасиш. Ако се укориш себеси, се обвиниш и осудиш себеси пред Бога за гревовите кои што ги чувствуваш со совеста – и за тоа ќе бидеш оправдан. Ако жалиш за гревовите, или заплачеш, или воздивнеш, тогаш твојата воздишка нема да се скрие од Него, и како што вели св. Јован Златоуст: „Ако се погрижиш за твоите гревови, Он ќе го прими тоа за твое спасение.“

Преп. Мојсеј Оптински

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк