Православен календар

Недела на свети Григориј Палама

втора недела од великиот пост

Втората недела од Великиот Пост е посветена на светиот Григориј Палама. Како што првата недела од постот беше посветена на победата на православието над иконоборството, така и втората недела е посветена на победата на православното богословие над различните еретички учења, во 14 век. Оваа победа ја извојува светиот Григориј Палама. Тој е роден во 1296 година, во Мала Азија, од каде што неговото семејство побегна, пред наездата на Турците. Се преселија во Константинопол каде таткото на Григориј доби висока положба при императорот Андроник II Палеолог. Григориј стекна одлично образование, но не сакаше да врви по стапките на својот татко, туку замина на Света Гора каде што се замонаши и се оддаде на молитвено тихување (исихазам). Кога во 1330 година во Константинопол од Калабрија дојде учениот монах Варлаам, тој почна да шири неправославно учење за тоа дека Таворската светлина којашто Христос им ја покажа на Своите ученици е создадена твар. По молба на светогорските монаси, во заштита на православното учење застана светиот Григориј, објаснувајќи дека таа Божествена светлина е несоздадена, дека Бог иако е недостапен во Својата суштина, Се јавува Себеси во Своите несоздадени енергии, каква што е Таворската светлина, кои се упатени кон светот и се достапни за восприемање. Неговото учење беше оправдано на Константинополскиот Собор во 1341 година, а Варлаам беше осуден како еретик. Светиот Григориј им се спротивстави и на други еретички учења, како она на бугарскиот монах Акиндин, а пишуваше и против мухамеданството. Од константинополскиот патријарх Јован Калека, следбеник на Варлаама, беше објавен за виновен за предизвикување црковен смут, одлачен од Црквата и ставен во затвор, каде што помина три години. Откако беше сменет патријархот Јован Калека, светиот Григориј Палама беше ослободен и поставен за архиепископ на Солун. Се упокои во 1359 година, а неговите мошти почиваат во неговата црква во Солун.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Мај
21
Мај
нов
стил
Вторник. Не се пости.
+Апостол и евангелист Јован Богослов (117); Преп. Арсениј Велики (450)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако сакате да Му служите на Бога, подгответе си ги своите срца не за јадење, не за пиење, не за покој, не за безгрижност, туку за трпение, за да ги претрпите сите искушенија, беди и скрб. Подгответе се за тешкотии, пости, духовни подвизи и за многу жалости, бидејќи „преку многу жалости треба да влеземе во Царството Божјо“ (Дел. 14,22) и „Царството Небесно со сила се зема и силните го грабаат“ (Мт. 11,12).

Преп. Сергиј Радоњешки
Житие, 10

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк