Православен календар

Свети Отци на Првиот Вселенски Собор

шеста недела по пасха

Споменот на Првиот Вселенски Собор се празнува во Православната Црква од древните времиња. Иисус Христос остави големо ветување за Црквата: „Ниту вратата на адот нема да ја надвладее“. Во тоа радосно верување се наоѓа пророчко укажување дека иако Црквата Христово на земјата ќе поминува низ тешка борба со непријателот на спасението, победата е на нејзина страна. Светите маченици ја посведочија вистинитоста на зборовите на Спасителот, претрпувајќи страдања заради исповедањето на името Христово, но мечот на гонителите се отклони од победноносното знамение на Крстот Христов. Во IV век прекинаа прогоните на христијаните, но во самата Црква се појавија ереси, и борејќи се против нив, Црквата свикуваше Вселенски Собори. Една од најопасните ереси беше аријанството. Ариј, свештеник од Александрија, беше човек безмерно горд и честољубив. Тој го отфрлаше Божественото достоинство на Иисуса Христа и Неговата еднаквост со Бога Отца, и лажно учеше дека Синот Божји не е Единосуштен на Отецот, туку е створен од Отецот во времето. Помесниот собор, свикан од Александрискиот патријарх Александар, го осуди лажното учење на Ариј, но Ариј не се покори, туку напиша писма до многу епископи, жалејќи се на одлуките на овој помесен собор, и така го прошири своето погрешно учење по целиот Исток, бидејќи доби поддршка од некои епископи. Заради разгледување на појавениот смут, светиот рамноапостолен император Константин се обрати до епископот Осиј Коробски, од кого доби одговор дека ереста на Ариј е насочена против самиот основен догмат на Христовата Црква. Затоа Константин свика Вселенски Собор, кој се одржа во градот Никеа, во 325 година, на кој се собраа 318 епископи – претставници на христијанските Црква од сите краишта. Помеѓу дојдените епископи имаше многу исповедници, кои пострадаа во времето на прогонот и кои на своите тела ги носеа трагите од измачувањата. Учесници на соборот исто така беа големите светители на Црквата – свети Николај, архиепископ Мирликиски, свети Спиридон, епископ Тримитунтски и други почитувани Црковни свети отци. Александрискиот патријарх Александар дојде со својот ѓакон Атанасиј, кој подоцна ќе го наследи на патријаршискиот трон, и којшто е од Црквата наречен Велики, како ревносен борец за чистотата на православната вера. Рамноапостолниот император Константин присуствуваше на заседанијата на соборот. Во своето обраќање, произнесено како одговор на поздравот од епископот Евсевиј Кесариски, тој рече: „Бог ми помогна да ги победам нечестивите власти кои ја гонеа Црквата, но уште поголема скрб одошто било која војна, или крвопролевање, ми создава несразмерно попогубната внатрешна борба во Црквата Божја“. Ариј, кој од своја страна имаше 17 епископи, се држеше гордо, но неговото учење беше отфрлено и тој беше одлачен од Црквата. Светиот ѓакон Атанасиј Александриски во својата реч конечно ги поби богохулните измислици на Ариј. Отците на Соборот го отфрлија символот на верата кој го предлагаа аријанците. Наместо тоа, беше утврден православен символ на верата. Во Никејскиот символ светите отци го формулираа апостолското учење за Божественото достоинство на Второто Лице од Пресветата Троица – Господа Иисуса Христа. Ереста на Ариј, како заблуда на гордиот разум, беше разобличена и отфрлена. По решавањето на главното догматско прашање, Соборот востанови уште дваесет канони (правила) по прашања од црковната дисциплина и управување. Беше решено прашањето за денот на празнување на Светата Пасха. Според указот на Соборот, Света Пасха треба да се празнува од христијаните не во ист ден со јудејската пасха, односно во првата недела после пролетната рамнодневница.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Април
1
Мај
нов
стил
Сре., Страстна седм. Строг пост.
Велика Среда
на помазувањето на Христа со скапоцено миро
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Достигнувањето на светоста не е должност само на монасите, како што некои мислат; кон светоста се повикани и семејните луѓе кои имаат разни професии и кои живеат во светот, затоа што заповедта за совршенство и светост не е дадена само за монасите, туку за сите луѓе.

Св-мч. Онуфриј Гагаљук

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк