Православен календар

Прамајката Ева

неделата пред Рождеството Христово

Ева е името кое Адам ѝ го даде на својата жена после падот. Таа беше створена од реброто Адамово, како што читаме во Првата Книга Мојсеева. Измамена од ѓаволот во облик на змија, таа вкусила од забранетиот плод и Адама го наговорила да го направи истото. Заради престапувањето на Божата заповед следела казната – истерување од рајот и проклетство. Човекот станал смртен. Првите луѓе создадени од Бога биле предназначени за вечно блаженство. Адам и Ева знаеле само за доброто. Прекршувајќи ја послушноста кон Бога, тие го познале и злото – оддалечувањето од Бога, и претрпеле духовна смрт. И нивните тела станале смртни. Но, Господ по своето милосрдие им дал ветување на прародителите: потомството на жената ќе ја сотре главата на змијата. Тоа ветувања станало прво благовештение, бидејќи таинствено претскажувало за Спасителот на светот, Кој ќе се роди од Приснодевата Марија, новата Ева и со Својата крстна смрт и воскресение, ја порази власта на ѓаволот. Прамајката Ева е зачетничка на целиот човечки род и истовремено е таа заради чие непослушание целиот род се научи да страда. Но, искреното покајание, измиено со многуте нејзини пролеани солзи, ја направиле прамајката Ева света.

Сподели на твитер
днсЈануари 2025
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Јануари
24
Јануари
нов
стил
Петок. Пост.
Преп. Јоаникиј Ракотински (1940); +Преп. Теодосиј Велики (529)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некому некогаш му направите милост – за тоа ќе бидете помилувани. Ако покажете сострадание кон оние кои страадат (а тоа не е големо дело) – ќе се приброите кон мачениците. Ако му простиш на оној кој те навредил, тогаш за тоа не само што ќе ти се простат сите гревови, но и чедо на Отецот Небесен ќе бидеш. Ако се помолиш од срце за спасение, дури и малку – ќе се спасиш. Ако се укориш себеси, се обвиниш и осудиш себеси пред Бога за гревовите кои што ги чувствуваш со совеста – и за тоа ќе бидеш оправдан. Ако жалиш за гревовите, или заплачеш, или воздивнеш, тогаш твојата воздишка нема да се скрие од Него, и како што вели св. Јован Златоуст: „Ако се погрижиш за твоите гревови, Он ќе го прими тоа за твое спасение.“

Преп. Мојсеј Оптински

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк