Првиот човек, родоначалник на целото човештво. Во шестиот и последен ден од создавањето на светот, бил создаден човекот од земјен прав, по образ и подобие Божјо. Господ му вдахнал животен дух и човекот станал жива душа. Господ му дал власт над морските риби, над небесните птици и над ѕверовите и над сите животни кои што се движеле по земјата. За животот на човекот, Господ насадил рај во Едем, на исток, во којшто растело од земјата секој вид на дрво, пријатно за вид и добро за јадење. Од Едем истекувала река за наводнување на рајот, разделувајќи се потоа на четири реки. Рајската градина го обезбедувала човекот со сè што му било потребно. На Адама му било дозволено да јаде од плодовите на секое дрво во градината, освен од едно – од дрвото на познанието на доброто и злото. Кога Адам се вселил во тоа живеалиште, Господ ги привел пред него сите полски животни и сите птици небесни што Он ги створил и Адам им дали имиња на секое од нив. Од реброто Адамово, Господ ја создал жената Ева. Тие живееле блажен живот, во љубов и општење со Бога. Не е познато колку долго живееле во таа состојба на блаженство, чистота и невиност, но се знае дека потоа се лишиле од сето тоа. Адам ја прекршил заповедта Божја, наговорен од својата жена, која измамена од змијата вкусила од плодот на дрвото на познанието на доброто и злото. Адам исто така вкусил од него, и со тој грев го навлекле на себеси гневот на својот Создател. Прв знак за гревот било чувството на срам и залудниот обид да се сокријат од лицето на сеприсутниот и сезнајниот Бог. Повикани од Бога тие го искажале својот страв и ја префрлале вината – Адам на жена си, а жената на змијата. Страшна казна ги постигнала сите кои учествувале во тоа престапно дело и последиците од таа состојба на пад ги сноси целото човештво. Адам живеел 930 години. Горко се каел заради својот грев.
д | н | с | Мај 2024 |
---|---|---|---|
С | 1 | 18 | |
Ч | 2 | 19 | |
П | 3 | 20 | |
С | 4 | 21 | |
Н | 5 | 22 | |
П | 6 | 23 | |
В | 7 | 24 | |
С | 8 | 25 | |
Ч | 9 | 26 | |
П | 10 | 27 | |
С | 11 | 28 | |
Н | 12 | 29 | |
П | 13 | 30 | |
В | 14 | 1 | |
С | 15 | 2 | |
Ч | 16 | 3 | |
П | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Н | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
В | 21 | 8 | |
С | 22 | 9 | |
Ч | 23 | 10 | |
П | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Н | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
В | 28 | 15 | |
С | 29 | 16 | |
Ч | 30 | 17 | |
П | 31 | 18 |