Православен календар

Светите Зографски маченици

10 октомври (по стар стил)

Кога царот Михаил Палеолог ја склучи злогласната Лионска унија со папата за од него да добие помош против Србите и Бугарите, светогорските монаси му испратија на царот протест против таа унија и совет да ја отфрли и да се врати во Православието. Папата му испрати на Михаил на помош војска. И таа латинска војска влезе на Света Гора и изврши такви варварства, какви што Турците никогаш не направија за оние петстотини години. Откако го обесија Протатот и убија многубројни монаси во Ватопед, Ивирон и по другите манастири, Латините нападнаа на Зограф. Блажениот игумен Тома им објави претходно на браќата дека оној којшто сака да се спаси од Латините, треба да се засолни надвор од манастирот, а оној што сака маченичка смрт - нека остане во манастирот. И така останаа дваесет и шестмина луѓе од кои дваесет и двајца монаси со својот игумен, и четворица мирјани, манастирски работници. Сите овие се затворија во манастирската кула. Кога дојдоа Латините ја потпалија кулата, та во оган најдоа смрт оние дваесет и шестмина Христови маченици. Додека кулата гореше тие ги пееја псалмите и Акатистот кон Пресвета Богородица. Своите свети души Му ги предадоа на Бога на 10 октомври, 1283 година. Истата година во декември бедно умре нечестивиот цар Михаил, против кого, во заштита на Православието, се крена српскиот крал Милутин.

Сподели на твитер
днсФевруари 2024
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
15
стар
стил
Февруари
28
Февруари
нов
стил
Среда. Не се пости.
Ап. од 70-те Онисим (109); Преп. Пафнутиј, затворник Печерски (XIII)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога сака Господ некого да помилува, тогаш на другите им дава желба да се молат за него и помага во таа молитва.

Преп. Силуан Атонски
Списи. XX. 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк