Православен календар

Преподобен Козма Зографски

22 септември (по стар стил)

По потекло од благородничко бугарско семејство. Кога родителите сакаа да го оженат, побегна на Света Гора. Пустиник и чудотворец. Се подвизуваше во пештера близу манастирот Зограф. Повеќепати му се јави Пресвета Богородица. Тој е најголемиот зографски подвижник и чудотворец. Страшната келија во којашто се подвизуваше и се бореше со демоните и денес постои северозападно од манастирот Зограф. Беше прозорлив со духот и ги опишуваше настаните што се случуваа на далечина во времето и просторот. Се упокои на старост, на 22 септември 1323 година и после живот во многу трудови се пресели во радоста на својот Господ.

Сподели на твитер
днсФевруари 2023
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Јануари
2
Февруари
нов
стил
Четврток. Не се пости.
+Преп. Ефтимиј Велики (473)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Никој не може да ја почувствува својата немоќ ако на него не биде допуштено барем мало искушение што ќе го заморува или телото или душата. Тогаш, ќе може да ја спореди својата немоќ со Божјата помош, и ќе го познае величието на Божјата помош. А оној којшто дознал дека има потреба од Божјата помош, тој прави многу молитви. И во онаа мера во која ги умножува, во таа мера се смирува неговото срце.

Преп. Исаак Сирин
Поуки, 61

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк