Православен календар

Светата маченичка Аријадна

18 септември (по стар стил)

Во градот Промиса во Фригија во времето на царот Адријан живееше еден поседник Тертил, незнабожец. Девицата Аријадна му беше робинка, а беше христијанка. Тертил приреди големо жртвопринесување на идолите, на кое благочестивата Аријадна не отиде туку остана дома молејќи Му се на вистинскиот Бог. Нејзиниот господар се разгневи на неа заради ова и почна да ја присилува да се одрече од Христа и да им се поклони на идолите. Но, бидејќи Аријадна одби да го направи тоа, тој ја изнамачи биејќи ја и на разни други начини, па ја фрли во затвор. Потоа ја пушти од затворот, но ја избрка од дома. Набрзо се премисли што ја пушти, па испрати слуги да ја фатат и да ја вратат. Аријадна веќе се беше оддалечила од градот. Кога ги виде гонителите, таа му се помоли на Бога при една голема карпа и карпата се отвори и ја прими Аријадна. Од ова слугите се збунија, се раскараа меѓу себе и еден со друг се испоубија.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во време на жалост непрестано треба да се призива во молитва милостивиот Бог... Непрестаното призивање на името Божјо во молитва ја лечи душата, ги убива не само гревовните страсти, туку и нивното дејство. Како што лекарот го наоѓа потребното лекарство и тоа дејствува, иако болниот не знае како се случува тоа, исто така и името Божјо, кога го призиваш, ги убиваш сите страсти, иако ние не знаеме како се случува тоа.

Преп. Варсануфиј Велики
Раководство. 421

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк