Православен календар

Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка

15 ноември (по стар стил)

Оваа икона најпрво му се јави на едно девојченце по име Ана, во селото Купјатич во Минската губернија, во 1182 година. Чувајќи го стадото, Ана виде некоја светлина во шумата. Кога ѝ се приближи на светлината, на едно дрво виде крст со средна големина со ликот на Пресвета Богородица на него. Ана го зеде тој крст и си го однесе дома, па се врати кај стадото. Но, на нејзино големо чудење на истото место таа повторно го виде крстот на дрвото. Го зеде, си го стави под пазува и го однесе дома. Кога сакаше да му го покаже крстот на татко ѝ и ја завлече раката во пазувата, крстот го немаше. Таа му раскажа сѐ на татко ѝ , па отиде со него, го видоа крстот во шумата и го пренесоа дома. Утредента крстот повторно го немаше во куќата. Го кренаа цело село и сите селани отидоа и му се поклонија на крстот. Набрзо луѓето таму изградија црква. Од тој чудесен крст со иконата на Мајка Божја се пројавуваа многбројни чуда. Таа икона сега се наоѓа во црквата Света Софија во Киев.

Сподели на твитер
днсДекември 2023
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Ноември
11
Декември
нов
стил
Пон., Божикен пост. Масло.
+Св. 15 свмч. Тивериополски (IV); Прмч. и исп. Стефан Нов (767)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ѓаволот во нашите очи ги смалува малите гревови: бидејќи поинаку он не може да нè доведе до поголемо зло.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2.94

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк