Православен календар

Преподобен Маркијан Кирски

2 ноември (по стар стил)

Од градот Кир во Сирија. Се одликуваше со благородно потекло и со вонредна телесна убавина. Сè остави заради Христа и се повлече во пустината Халкидска заради отшелнички подвиг. Тој е современик на патријархот Флавијан Антиохиски и на царевите Констанциј и Валент. Во неговата келија ноќе светеше Божествена светлина, под која го читаше Светото Писмо и никогаш немаше потреба од друга светлина. Беше голем чудотворец и за време на животот и после смртта. Пред смртта му заповеда на својот ученик Евсевиј да го скрие неговото тело и тајно да го закопа, заради мноштвото почитувачи. Се упокои во Господ во 387 година.

Сподели на твитер
днсФевруари 2024
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
14
стар
стил
Февруари
27
Февруари
нов
стил
Вторник. Не се пости.
+Рамноап. Кирил, учител Словенски (869); Преп. Авксентиј (470)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог и гревот се наоѓаат на две спротивни страни. Никој не може да се сврти со лицето кон Бога, ако претходно не се заврти со грбот кон гревот... Кога човек се завртува со лицето кон Бога, сите негови патишта водат кон Бога. Кога човек се одвратува од Бога, сите негови патишта водат кон погибел. Кога човек сосема се одрекува од Бога и со збор и со срце, тој веќе не е способен да направи ништо што нема да биде за негово потполно разрушување, и телесно, и душевно.

Св. Никола Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк