Православен календар

Светиот маченик Епимах

31 октомври (по стар стил)

Родум од Египет, во Египет се подвизуваше, во Египет маченички и го заврши овоземниот живот. Подражавајќи го свети Јован Крстител, уште како млад се оддалечи во пустината. Заради неговата голема љубов кон Бога Светиот Дух го поучи во секоја вистина, за тоа како треба да се подвизува. Кога Епимах дозна дека неверниците ги мачат и ги убиваат христијаните во Александрија заради Христа, сиот распален од ревност кон верата отиде во градот и ги урна идолите. Кога незнабошците почнаа да го мачат заради ова, тој извика: „Удирајте ме, плукајте ме, ставете ми трнов венец на главата, дајте ми трска во рацете, напојте ме со жолчка, распнете ме на крст и потоа прободете ме - тоа го претрпе мојот Господ, тоа и јас сакам да го претрпам“. Во толпата народ што го гледаше мачењето на свети Епимах имаше и една жена со слепо око. Таа плачеше горчливо од жал гледајќи го бездушното мачење на Божјиот угодник. И кога мачителите го стружеа телото на светиот Христов маченик, од него прсна крв и една капка од крвта падна на слепото око на онаа жена. Одеднаш жената прогледа и слепото око ѝ стана здраво како другото. Тогаш жената извика: „Голем е Бог во Којшто верува овој страдалник!“ По ова на свети Епимах му ја отсекоа главата и неговата душа се пресели во вечната радост, околу 250 година.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Октомври
16
Октомври
нов
стил
Петок. Пост.
Свмч-ци Дионисиј Ареопагит, еп. Атински, Рустик презв., Елефтериј ѓак. (96)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не се дрзнувај сам да го толкуваш Евангелието и останатите книги на Светото Писмо. Писмото е произнесено од светите пророци и апостоли, и тоа не произволно, но по вдахновение од Светиот Дух. Како тогаш да не биде безумно произволното толкување? Светиот Дух, Којшто го произнесол преку пророците и апостолите Словото Божјо, истото го истолкувал преку светите отци. И Словото Божјо и неговото толкување се дар од Светиот Дух. Само тоа светоотечко толкување го примаат Православната Црква и нејзините вистински чеда!

Св. Игнатиј Брјанчанинов
За читање на Евангелијата

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк