Православен календар

Праведен Аарон Првосвештеник

12 март (по стар стил)

Првиот старозаветен првосвештеник. Син на Амрам и Јохаведа, од коленото Левиево, постар брат на пророкот Мојсеј. Роден во Египет, му помагаше на Мојсеј при ослободувањето на еврејскиот народ од египетското ропство, јавувајќи се пред фараонот како претставник на пророкот, кој говори од негово име. Аарон учествуваше во 40-годишното странствување на Евреите по пустината, каде што и беше од Бога поставен за првосвештеник. Се упокои на 123 годишна возраст, во 1445 година пред Христа, на гората Ор, во пустината, не достигнувајќи ја ветената земја, исто како и Мојсеј. Целиот род Ааронов беше избран за свештеничко служење во старозаветната Црква, и првосвештенството на неговите потомци се зачува сè до доаѓањето на Христа спасителот на земјата. Од потомството на Аарона беше и Елисавета, мајката на свети Јован Крстител. Според учењето на светиот апостол Павел, Аарон како првосвештеник е праобраз на Иисуса Христа, кој е Првосвештеник на Новиот Израил, на новозаветната Црква.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Април
2
Мај
нов
стил
Чет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Четврток
на Тајната Вечера
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Светиите се слични на Господа, но и сите луѓе коишто ги запазуваат заповедите Христови се слични на Него, а оние коишто живеат според своите страсти и не се каат, слични му се на ѓаволот. Мислам дека ако таа тајна би им се открила на луѓето тогаш тие би престанале да му служат на непријателот, но секој со сета сила би се стремел да го познае Господа и да биде сличен на Него.

Преп. Силуан Атонски, Списи, XII. 9.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк