Православен календар

Свештеномаченици Пиониј и Лин Смирнски, и со нив маченикот Асклипијад и маченичките Македонка и Сабина

11 март (по стар стил)

Овие маченици пострадаа за време на прогонот на христијаните од императорот Декиј (249-251), во Смирна, во тоа време знаменит трговски град, на источниот брег на Егејското море. Смирнската Црква е основана од светиот апостол Јован Богослов и се прославила со мажественоста на исповедниците на верата Христова. Откако дознаа за почетокот на прогоните, мачениците почнаа да се подготвуваат за страдање, со пост и удвоена молитва. Светиот Пиониј, кој беше свештеник, зема три вериги и ги стави врз себе и врз Асклипиад и Сабина. Светите маченици беа фатени од гонителите на 23 февруари, во денот на споменот на светиот Поликарп, епископ смирнски (+167), што било празничен ден за сите христијани во Смирна. Во затворот ги сретнаа презвитерот на соборната црква во Смирна, Лин и една жена по име Македонка, од селото Карина, кои исто така беа затворени заради исповедање на Името Господово. Многумина верни ги посетуваа светите исповедници во затворот, носејќи им кој што може, но сето тоа затворениците им го раздаваа на стражарите. Кон Пиониј доаѓаа и некои што порано биле христијани, но од страв да не бидат мачени се согласиле да им принесат жртва на идолите, и тие ги просеа неговите молитви. Пиониј горко плачеше заради нивното малодушие и ги уверуваше „не очајувајте, браќа, иако направивте тежок грев, покајте се искрено, и повторно обратете се кон Христа со целото срце“. После многуте измачувања, на 2 март 250 година, светиот маченик го распнаа на крст и околу него поставија дрва и ги запалија. Кога огнот догоре, сите го видеа телото на светителот сосема неповредено, дури ни косата на неговата глава не беше изгорена. Лицето негово светеше со Божествена благодат. Светиот Пиониј е оној кој го напиша житието на светиот Поликарп смирнски.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Април
3
Мај
нов
стил
Пет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Петок
на Светите Христови Страдања
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Секогаш во срцето свое имај страв Божји и помни дека Бог е секаде со тебе, на секое место, одиш ли или седиш.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка, 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк