Православен календар

Светиот свештеномаченик Садок

20 февруари (по стар стил)

Беше епископ во Персија после свети Симеон. Еднаш во сон му се јави свети Симеон и му рече: „Вчера јас, денес ти!“ Овие зборови свети Садок му ги протолкува на своето стадо со значењето: „Лани пострадав јас, а оваа година ќе пострадаш ти!“ И навистина, таа година царот Сапор го уапси, заедно со многуброен клир и народ, и сите ги изведе на суд. Прво нареди да им се поклонат на огнот и на сонцето како на божества. Садок одговори: „Ние сме од сè срце подготвени да умреме за нашиот Бог, но на сонцето и на огнот нема да им се поклониме“. По ова беа мачени и осудени на смрт со меч. Пред смртта, свети Садок Му ја вознесе на Бога оваа молитва: „Измиј нè, Боже, во нашата крв од нашите гревови!“ Неговите свештеници и верни заедно со него ги предадоа телата на смрт, а душите на Бога бесмртниот. Пострадаа во 342 или во 344 година.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Февруари
16
Февруари
нов
стил
Понеделник. Без месо.
Св. Симеон Богопримец и пророчица Ана (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Секој од нас може да расудува за Бога само толку колку ја познал благодатта на Светиот Дух; затоа што, како можеме ние да зборуваме и расудуваме за тоа што не сме го виделе, или за она што не сме го чуле и што не го знаеме? Ете светиите велат дека го виделе Бога, а има и луѓе кои велат дека нема Бог. Јасно е дека така зборуваат зашто не го познале Бога, и тоа воопшто не значи дека нема Бог. Светиите, пак, говорат за она што навистина го виделе и го знаат.

Преп. Силуан Атонски
Писанија VIII.9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк