Православен календар

Светиот маченик Александар

13 мај (по стар стил)

Словен. Осумнаесетгодишен војник во војската на царот Максимијан. Одрече да ја изврши царевата наредба за чествување на римските идоли, заради што му беше предаден на капетанот Тиверијан: или да го посоветува да се откаже од Христа или да го мачи и да го погуби. Бидејќи сите совети му беа залудни, Тиверијан го зеде со себе, го поведе низ Македонија кон Цариград, каде што и самиот мораше службено да оди. Во секое место низ коешто ќе поминеа, Александар беше жестоко мачен, но секаде излегуваа пред него христијаните молејќи го за благослов и храбрејќи го во подвигот. По него одеше и неговата мајка Пименија. Во текот на патувањето, на Александар повеќепати му се јавуваше Ангел Господов, блажејќи му ги маките и храбрејќи го. На едно место наречено Карасура, маченикот со молитвата кон Бога направи чудо - имено, кога жедта му здодеа и нему и на војниците што го придружуваа, тој изведе студена вода на суво место. На брегот на реката Ергина, Тиверијан му нареди на џелатот да го заколе Александар и да му го фрли телото во водата. А џелатот, кога замавна над главата на маченикот, виде наоколу светли Божји Ангели и се уплаши, а раката му премале. Александар го запраша зошто му премале раката и тој рече дека гледа некои светли момчиња околу него. Желен да умре и да се соедини со Господ, Александар Му се помоли на Бога да отстапат Ангелите за да не се плаши џелатот. И така џелатот ја заврши својата работа, во 289 година. Пименија го извади од реката телото на нејзиниот син и чесно го погреба. На гробот на маченикот се случуваа многу исцеленија. По смртта, тој ѝ се јави на мајка си и ѝ навести дека и таа набрзо ќе замине во другиот свет.

Сподели на твитер
днсСептември 2021
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Септември
24
Септември
нов
стил
Петок. Пост.
+Преп. Теодора Александријска (V); Преп. Силуан Атонски (1938)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога душата во Светиот Дух ќе ја познае Мајката Божја; кога во Светиот Духот Свет душата ќе стане сродна со апостолите, пророците, и со сите светии и праведници, тогаш таа незадржливо се стреми кон тој свет и не може да застане, но тој постојано ѝ недостасува, та копнее и не може да се оттргне од молитвата дури и кога телото е изнемоштено и сака да легне во постела, но и кога ќе легне во постела, душата се стреми кон Господа и кон Царството на светиите.

Преп. Силуан Атонски
Списи, I. 28

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк