Православен календар

Светиот пророк Исаија

9 мај (по стар стил)

Овој голем пророк беше од царски род. Роден во Ерусалим од татко Амос, брат на јудејскиот цар Амасиј. Според големата Божествена благодат што беше во него, Исаија се удостои да Го види Господ Саваот на небесниот престол, опкружен со шестокрили серафими, коишто непрестајно пееја: Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот. Исаија им пророкуваше многу нешта како на одделни луѓе така и на народите. Еднаш, три дена одеше сосем гол по улиците Ерусалимски пророкувајќи го брзиот пад на Ерусалим под Асирскиот цар Сенахерим и опоменувајќи ги царот и народните главешини да не се надеваат на помошта од Египтјаните и Етиопјаните, бидејќи и тие наскоро ќе бидат покорени од тој истиот Сенахерим, туку да се надеваат на помошта од Севишниот Бог. И ова пророштво како и останатите се исполни до збор. Но, најважни беа неговите пророштва за воплотувањето на Бога, за зачнувањето на Пресветата Дева, за Јован Претеча и за многу настани од животот на Христа. Овој видовит маж имаше, заради чистотата на своето срце и заради ревноста кон Бога, дар на чудотворство од Бога. Така, кога опседнатиот Ерусалим страдаше од жед, тој се помоли и потече вода под гората Сион. Таа вода е наречена Силоам (пратена), и на таа вода го упати подоцна Господ слепородениот за да се измие и да прогледа. Во времето на царот Манасија, кога Исаија грмеше против незнабожечките обичаи на царот и на главешините, изедначувајќи го тогашното поколение со Содом и Гомор, против овој голем пророк се крена гнев од народот и главешините и беше фатен, изведен надвор од Ерусалим и пострада стружен со пила. Живееше и пророкуваше 700 години пред Христа.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
30
стар
стил
Април
13
Мај
нов
стил
Среда. Пост.
+Ап. Јаков Зеведеев, брат на Јован Богослов (44)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Црквата Христова е една, света, вселенска и апостолска. Таа е духовно тело чија глава е Исус Христос, со единиот Свет Дух Кој пребива во неа. Помесните одделни Цркви се членови на Вселенската Црква, и тие - како гранки на едно дрво - се хранат од ист корен и исти течности. Таа се нарекува света затоа што е осветена од светото Слово, со делата, жртвата и страдањата на нејзиниот Основател Исус Христос, на коишто Он пошол за да ги спаси луѓето и да ги приведе кон светоста. Црквата се нарекува Вселенска затоа што не е ограничена ни со место, ни со време, ни со народ, ни со јазик. Таа се обраќа кон цело човештво. Православната Црква е наречена апостолска затоа што духот, учењето и трудовите на апостолите Христови се во полнота зачувани во неа.

Св. Николај Охридски
Катехизис

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк