Православен календар

Преподобниот монах Виталиј

22 април (по стар стил)

Во времето на патријархот Јован Милостив, се појави еден млад монах којшто штом дојде состави список на сите блудници во Александрија. Дење се грабаше да ги работи најтешките работи, а ноќе одеше во домовите на блудниците, ги даваше парите на некоја блудница и со неа ќе се затвореше в соба цела ноќ. Штом ќе се затвореа Виталиј ќе ја замолеше жената таа да легне да спие, а тој во аголот на собата цела ноќ ќе ја поминеше молејќи се на Бога за таа грешница. Така ќе ја сочуваше да не греши барем една ноќ. Наредната ноќ ќе отидеше кај друга, третата кај трета и така сè дури не ги изредеше сите, а потоа почнуваше од почеток. По неговите совети многу од овие жени го оставија својот валкан занает и едните се омажија, други отидоа во манастир, трети тргнаа да работат чесно за својот леб. На сите овие жени Виталиј им забрануваше да објавуваат зошто оди кај нив. Заради ова тој стана соблазна за цела Александрија. Луѓето на улица го навредуваа, го плукаа, а и го тепаа. Но тој трпеливо поднесуваше сè, покажувајќи ја својата добродетел пред Бога, а криејќи ја од луѓето. За него се дозна дури кога умре. На неговиот гроб почнаа да се случуваат многу чудесни исцеленија, народот од разни страни почна да ги донесува своите болни на гробот на свети Виталиј. Плукан од луѓето, придоби слава од Бога од Кого ништо не е сокриено.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Помни дека во духовникот живее Светиот Дух и он ќе ти каже што треба. Но, ако помислиш дека духовникот живее мрзливо, па затоа во него не може да живее Светиот Дух, тогаш силно ќе пострадаш за таа мисла и Господ ќе те смири и ти сигурно ќе паднеш во прелест.

Преп. Силуан Атонски
Списи, II. 1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк