Православен календар

Преподобен Нифонт

14 јуни (по стар стил)

Роден во областа Аргирокастра, во селото Луково, од татко свештеник. Од младоста привлекуван од желбата за молитвено тихување. Таа желба најпосле го доведе и на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во пештерата на Свети Петар Атонски, а потоа во пустината на Света Ана. Не сакаше ни со леб да се храни, туку јадеше само трева и корења. Некои завидливци го обвинија како да се гнаси од леб, но тој лесно и брзо се оправда. Најпосле се здружи со светиот Максим на Капсокалива. Заради својата искрена љубов кон Бога, Нифонт задоби од Него дарови на чудотворство и прозорливост. Исцелуваше болни со молитва и со помазување со масло, а проѕираше во настани што се случиле и во тие што ќе се случат. За себе прорече дека ќе се упокои во Петровите пости. И кога осамна денот на неговото заминување, им рече тој на браќата околу себе: „Не плачете, а радувајте се, зашто во мене ќе имате молитвеник пред Бога за вашето спасение“. Најпосле рече: „Време е да заминам!“ И Му ја предаде својата света душа на Бога на 14 јуни 1330 година.

Сподели на твитер
днсЈуни 2026
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Јуни
18
Јуни
нов
стил
Чет., Апостолски пост. Масло.
Свмч. Доротеј, еп. Тирски (362)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог и гревот се наоѓаат на две спротивни страни. Никој не може да се сврти со лицето кон Бога, ако претходно не се заврти со грбот кон гревот... Кога човек се завртува со лицето кон Бога, сите негови патишта водат кон Бога. Кога човек се одвратува од Бога, сите негови патишта водат кон погибел. Кога човек сосема се одрекува од Бога и со збор и со срце, тој веќе не е способен да направи ништо што нема да биде за негово потполно разрушување, и телесно, и душевно.

Св. Никола Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк