Православен календар

Свети Васијан, епископ Лавдиски

10 јуни (по стар стил)

Роден во Сиракуза како незнабожец, од родители незнабошци, богати и угледни. Философско воспитание стекна во Рим. Согласно со неговата горешта желба, беше крстен од некој благочестив старец Гордијан. Тоа ги навреди неговите родители, та за да го избегне нивниот гнев, според заповедта на свети Јован Богослов, којшто му се јави, отиде во Равена и му се јави на својот роднина, епископот Урс. Упатен од епископот, Васијан се насели надвор од градот, кај црквата на светиот маченик Аполинариј и долго се подвизуваше таму трудејќи се во пост и во молитва. Кога умре епископот на Лавдискиот град во Лигурија, според едно откровение во сон, го избраа Васијан за епископ на тој град, иако тој тоа не го сакаше. Посветувањето за архиереј го извршија Амвросиј Милански и Урс Равенски. Имаше голема исцелителна благодат; можеше и мртви да воскреснува. Беше сведок на последните часови на свети Амвросиј, од чија уста во тој миг слушна дека светителот го гледа Господ Исус Христос. Поживеа во подвиг до длабока старост, а во деведесеттата година од својот живот се упокои и се пресели во Царството Божјо околу 409 година. Неговите свети мошти останаа чудотворни, да сведочат за силата Божја и величината на овој Божји Светител.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Јануари
23
Јануари
нов
стил
Петок. Пост.
Св. Григориј, еп. Ниски (395); +Св. Теофан Затворник (1894)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кај секој што оди на грев мислите како да се закочени и видот како да е повреден и не распознава, бидејќи лукавиот кој нè поттикнува и нè заведува, ни го раслабува и замаглува гледањето. А после постапката тој го става пред нашите очи направеното и жестоко го открива тоа, што претходно со многу лукавства го сокривал, па разоткривајќи ја тежината на направеното се труди да го турне оној кој што згрешил во очај.

Св. Фотиј Велики
Амфилохии, 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк