Православен календар

Спомен на Првиот Вселенски Собор

29 мај (по стар стил)

Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се одржа во Никеја, во 325 година, во времето на царот Константин Велики. Беше свикан за да ја отстрани забуната којашто ја создаде александрискиот свештеник Ариј со неговото криво учење. Имено, тој ширеше учење дека Христос е создаден од Бога во времето и дека не е предвечен Син Божји, рамен по суштина на Бога Отца. На овој Собор учествуваа 318 Свети отци. Соборот го осуди учењето на Ариј, а Ариј го предаде на анатема, бидејќи не сакаше да се покае. Исто така, Соборот конечно го утврди Символот на Верата, којшто подоцна, на Вториот Вселенски Собор беше дополнет. На Првиот Вселенски Собор учествуваа голем број значајни светители, меѓу кои особено се истакнуваа: Николај Мирликиски, Спиридон Тримитунтски, Атанасиј Александриски, Ахил, Пафнутиј, Јаков Нисивиски, Макариј Ерусалимски, Александар Александриски, Евстатиј Антиохиски, Евсевиј Кесариски, Митрофан Цариградски, Јован Персиски, Аристак Ерменски и многумина други од Исток. А од Запад присуствуваа: Осија Кордобски, Теофил Готски, Цецилијан Картагенски и други. Главната работа на овој Собор беше утврдувањето на Символот на Верата. Освен тоа, Соборот го утврди и времето за годишното празнување на Христовото Воскресение (Велигден). Беа пропишани и дваесет други канони.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Август
19
Август
нов
стил
Сре., Успенски пост. Риба.
Преображение на Господа Исуса Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако си богат – размисли дали би можел достојно да ја претрпиш сиромаштијата. Ако си среќен - претстави си како достоинствено да ја пресретнеш несреќата. Ако луѓето те фалат - мисли дали ќе можеш достојно да ги претрпиш и навредите. И целиот живот размислувај како достојно да ја дочекаш смртта.

Св. Николај Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк