Православен календар

Светите маченици Теодора и Дидим

27 мај (по стар стил)

Во времето на злочестивиот цар Максимилијан, во Александрија живееше девицата Теодора, благородна по род и воспитание. Како христијанка ја изведоа на суд пред незнабошците. По долги измачувања за верата во Христа, кнезот мачител нареди да ја фрлат во блудилиште и да им биде дозволено на војниците да влегуваат кај неа заради задоволување на телесната похот. Света Теодора усрдно Му се молеше на Бога да ја спаси од скверноста. И додека се молеше влезе кај неа војникот Дидим и ѝ рече дека и самиот е Христов слуга, па ја облече нејзината облека, а нејзе ѝ ја даде војничката. Тој Теодора ја пушти да излезе, а самиот остана во блудилиштето. За ова Дидим го фатија и го изведоа на суд, а тој призна дека е христијанин и дека ја спаси Теодора и дека е готов за Христа да умре. Беше осуден на смрт и изведен на губилиште. Тогаш кај него дотрча Теодора и му викна: „Ако ми ја спаси честа не барав да ме спасиш и од смртта. Отстапи ми го мене мачеништвото!“ На ова Свети Дидим ѝ рече: „Возљубена сестро, не спречувај ме да умрам за Христа и со крв да си ги измијам гревовите!“ Кога ја слушнаа оваа препирка незнабожците ги осудија обајцата на смрт и беа убиени со меч, па им ги изгореа телата во оган. Чесно пострадаа и понесоа венци на бресмртна слава, во 304 година во Александрија.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не ја занемарувај заповедта за љубовта, бидејќи преку неа ти ќе станеш син Божји, а нарушувајќи ја ќе станеш син на геената.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 4.20

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк