Православен календар

Преподобен Никита Столпник

24 мај (по стар стил)

Како момче живееше со разуздан и порочен живот. Еднаш влезе случајно в црква и ги чу зборовите на Пророкот Исаија: „Измијте се (од гревот) и ќе бидете чисти...“ (Исаија 1, 16). Овие зборови продреа длабоко во неговото срце и направија целосен пресврт во неговиот живот. Никита ги остави куќата, жената и имотот и отиде во еден манастир во близината на Перејаславје, каде што до смртта се подвизуваше со тешки подвизи. Се обложи себеси со синџири и се затвори во еден столб, заради што и го нарекоа Столпник. Бог му подари голема благодат и исцелуваше од разновидни маки. Така, го исцели фатениот черниговски кнез Михаил. Некои злосторници видоа на него синџири, па заради блескањето помислија дека се од сребро. Затоа една ноќ го убија, па му ги слекоа синџирите и ги однесоа. Ова се случи на 16 мај 1186 година. По смртта му се јави на старецот Симеон и му нареди најдените синџири да ги положи во гробот крај неговото тело.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Април
8
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
+Апостол и евангелист Марко (63)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог ги слуша и ги исполнува молитвите на човекот кога тој ги исполнува Неговите заповеди. „Слушај Го Бога во Неговите заповеди, - вели свети Јован Златоуст, - за и Он да ги слушне твоите молитви.“ Човекот кој ги запазува заповедите Божји секогаш е мудар, трпелив и искрен во своите молитви. Тајната на молитвата се состои во запазувањето на заповедите Божји.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн.3,22

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк