Православен календар

Светата царица Елена

21 мај (по стар стил)

Родители на светиот цар Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Благочестивата мајка на царот, светата Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Јерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението, и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господа, во 327 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Колку и да се учиме, не е возможно да го познаеме Господа доколку не живееме по неговите заповеди, затоа што Господ не се познава со наука, туку со Духот Свети. Многу философи и учени луѓе дошле до вера дека Бог постои, но Бога не го познале. Една работа е да се верува дека има Бог, а друга е да се познава Бог... Оној што го познал Бога преку Светиот Дух, неговиот дух гори со љубов кон Бога дење и ноќе, и душата негова не може да се приврзе кон ништо земно.

Преп. Силуан Атонски
Записи, VIII.3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк