Православен календар

Преподобен Памво

18 јули (по стар стил)

Египќанец и подвижник на Нитриската Гора. Современик на свети Антониј Велики и самиот голем во монашките подвизи. Беше познат особено по две особини: со долго вежбање го заклучи својот јазик да не каже ниеден излишен збор и никогаш не јадеше друг леб освен оној што го заработи плетејќи рогозини со своите раце. Беше сличен на Ангел Божји и на старост лицето му светеше како некогаш на Мојсеј, така што монасите не можеа да го гледаат в лице. Ни на најпростите прашања не даваше брз одговор, без претходно да се помоли во срцето и да размисли. Еднаш Александрискиот патријарх Теофил ги посети монасите во Нитрија. Тогаш монасите го молеа Памво: „Кажи му на отецот слово за наѕидување за да му биде на полза“. Молчаливиот Памво одговори: „Ако моето молчење не му е од полза ни моето слово нема да му биде“. Патуваше еднаш свети Памво со монасите по Египет. Кога наидоа покрај некоја група луѓе што седеа додека монасите минуваа крај нив, свети Памво им рече: „Станете и поздравете ги монасите за да примите благослов од нив, зашто тие непрестајно беседат со Бога и нивните усни се свети“. Овој прекрасен светител проѕираше јасно во судбините на мртвите и на живите луѓе. Се упокои во Господа во 386 година.

Сподели на твитер
днсЈуни 2026
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Јуни
16
Јуни
нов
стил
Вто., Апостолски пост. Масло.
Мч-ци Лукилијан, Клавдиј, Ипатиј, Павел, Дионисиј и Павла дева (275)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не се смутувај, ако не ја чувствуваш во себе Љубовта Божја, но размислувај за Господа - дека е Он милостив, и воздржувај се од гревови, па благодатта Божја ќе те научи тебе.

Преп. Силуан Атонски
Писма IX.16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк