Православен календар

Светите маченици Прокл и Илариј

12 јули (по стар стил)

Овие маченици беа родум од Калипта во Азија и Прокл му беше чичко на Илариј. Пострадаа во времето на Трајан. „Од кој род си?“, го праша судијата Прокл. Прокл одговори: „Христос ми е род и надеж и Бог“. Кога судијата му се закани со маки, Прокл рече: „Кога вие се плашите да ги престапите царските заповеди за да не паднете во краткотрајни маки, колку ли ние христијаните се плашиме да ја престапиме заповедта Божја за да не паднеме во вечни маки!“ Кога го мачеа Прокл, тогаш Илариј му пристапи на судијата и рече: „И јас сум христијанин“. После многу мачења обајцата беа осудени на смрт, и тоа Прокл го распнаа на крст, а на Илариј му ја отсекоа главата со меч. И отидоа обајцата во радоста на Господ.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
17
стар
стил
Април
30
Април
нов
стил
Среда. Пост.
Прмч. Кипријан Слепченски (1780)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ава Пимен рекол: оној кој што усилено сака да се здобие со љубов од луѓето се лишува од Божјата љубов. Не е добро на сите да им се допаѓаме, бидејќи е речено: „тешко вам, кога сите луѓе ќе зборуваат добро за вас“ (Лк. 6,26).

Древен старечник, 8. 16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк