Православен календар

Светата маченичка Голиндуха

12 јули (по стар стил)

Персијка, најпрво во брак со еден персиски волх, со кого живееше три години. Потоа имаше видение од Ангел којшто ѝ го покажа оној свет: маките на грешниците и неверниците и радоста на праведниците. По ова таа го напушти мажот и се крсти. На крштението го доби името Марија. Гонета од мажот ѝ, беше осудена на доживотен затвор. Во затворот помина осумнаесет години и не се поколеба во верата. Потоа беше фрлена во некоја јама, но Бог ја спаси, а ја фрлија и пред некоја страшна змија, но змијата не ја повреди. Кога ѝ испратија некои злосторни момчиња за да ја осквернат, Бог ја направи невидлива за нивните очи. Восхитени од нејзините страдања мнозина Персијци ја примија верата Христова. Го посети Ерусалим, каде што ја изобличи верата Севирова, којашто учеше дека Божеството во Христа пострадало, заради што читаа: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, Кој Си распнат за нас, помилуј нè!“ Најпосле проповедајќи ја вистинската вера мирно се упокои близу градот Нисивија, во 587 година.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Февруари
18
Февруари
нов
стил
Среда. Без месо.
Мц. Агатија (251); Св. Теодосиј, архиеп. Черниговски (1696)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Претходните гревови, ако се враќаат во сеќавањата, штетат. Бидејќи ако тие носат со себе жал тогаш оддалечуваат од надежта, а ако се преставуваат без жал тогаш ја внесуваат во нас претходната скверност. Ако сакаш да Му принесеш на Бога неосудено исповедање, тогаш немој да се потсетуваш на гревовите според нивниот вид, но мажествено трпи ја скрбта која доаѓа поради нив.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 151, 153

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк