Православен календар

Преподобен Теофил Мироточив

8 јули (по стар стил)

Родум од Македонија, од селото Зики. Многу учен човек и голем подвижник. Цариградскиот патријарх Нифонт му порача да отпатува во Александрија и да испита дали е вистина дека патријархот Јоаким поместил гора и испил отров без да му наштети. Кога се увери во вистинитоста на овие чуда, Теофил се врати на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во Ватопед, па во Ивирон и најпосле во ќелијата на Свети Василиј близу Кареја. Овој свет човек ја одби понудата да го прими солунското архиепископство. Со длабоко безмолвие, богомислие и срдечна молитва, успеа да си го очисти умот од сите страсни помисли, па стана чист сад на Светиот Дух и во него живееше Христос. Пред смртта му нареди на својот ученик Исаак кога ќе умре да не го погребува, туку да го врзе со јаже за нозете, да го одвлечка и да го фрли во потокот. Со голем страв ученикот така и направи. Но, Божјата Промисла ги откри моштите на свети Теофил и кога ги пренесоа во ќелијата, почнаа да точат чудотворно миро. Се упокои на 8 јули 1548 година.

Сподели на твитер
днсМарт 2025
С116
Н217
П318
В419
С520
Ч621
П722
С823
Н924
П1025
В1126
С1227
Ч1328
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Март
17
Март
нов
стил
Пон., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Герасим Јордански (475); Блгв. кн. Даниил Московски (1303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Спасителот на нашиот род, сакајќи целосно да го ослободи човештвото од заблуди, ни ветил нам, кои сме Му послушни, наднебесни и божествени блага, а на непослушните им покажал дека ги очекуваат не времени жалости, туку мачења кои вечно ќе траат.

Св. Фотиј Велики
Амфилохиј, 6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк