Православен календар

Преподобен Сенуфиј Знаменосец

28 јуни (по стар стил)

Голем испосник и чудотворец од египетската пустина. Современик на патријархот Теофил и царот Теодосиј Велики. Наречен Знаменосец бидејќи еднаш со молитва му помогна на царот Теодосиј да ја одржи победата над непријателската војска. Кога царот го повика да појде во Цариград, му одговори дека не може, но му испрати едно свое ветво расо и стап. Кога тргна да војува, царот го облече расото на Сенуфиј и го понесе неговиот стап. Од војната се врати како победник.

Сподели на твитер
днсМарт 2026
Н116
П217
В318
С419
Ч520
П621
С722
Н823
П924
В1025
С1126
Ч1227
П1328
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Март
15
Март
нов
стил
Крстопоклона недела, Велик Пост. Масло.
Свмч. Теодот, еп. Киринејски (326)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кој и да си ти, со каква работа и да се занимаваш, дај си сметка на себеси, на каков начин си го исполнил твоето дело: на христијански или на незнабожечки, т.е. потпирајќи се на самољубие и на животна корист. Христијанинот е должен да помни дека секое, дури и најмало дело, има морално начало. Христијанинот кој што го помни учењето на Исуса Христа е должен така да го исполнува секое свое дело што тоа би ја распространувало Божјата благодат и Царството Небесно помеѓу луѓето.

Св. Гавриил Имеретински
Годишен отчет

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк