Православен календар

Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски

22 јуни (по стар стил)

Многу постигна во изобличувањето на аријанството. Кога се испразни антиохискиот престол, на негово настојување, за патријарх беше избран Мелетиј, големо светило на Црквата, којшто после смртта се удостои со голема пофалба од свети Јован Златоуст. Но, сепак, аријанците набрзо по востоличувањето го изгонија Мелетиј од Антиохија. Кога умре злиот син на цар Константин, Констанциј, се зацари еден уште полош од него, Јулијан Отстапник. Во времето на Јулијановото гонење на христијаните свети Евсевиј го слече свештеничкото расо и се облече во војничко руво, па така ги обиколуваше гонетите цркви по Сицилија, Финикија и Палестина, секаде утврдувајќи ја православната вера и поставувајќи свештеници, ѓакони и сиот потребен клир, а некаде дури и епископите ги поставуваше тој. По гласовитата погибел на Јулијан, свети Евсевиј го посоветува Мелетиј да го повика Соборот во Антиохија, во 361 година. Присуствуваа дваесет и седум архиереи, уште еднаш беше осудена аријанската ерес, а се прогласи православната вера онака како што беше изразена на Првиот Вселенски Собор. Покрај Мелетиј и Евсевиј, на овој Собор особено се забележуваше свети Пелагиј Лаодикиски, прочуен девственик и подвижник. Овој Собор беше во времето на благочестивиот цар Јовинијан. Но, тој цар набрзо умре, а се зацари свирепиот Валент, со којшто повторно кон Православието се наврте прогонство. Свети Мелетиј беше прогонет во Ерменија, Евсевиј во Тракија, а Пелагиј во Арабија. По Валент се зацари Грацијан, кој ѝ даде слобода на Црквата и ги врати од прогонство архиереите на нивните места. Така се вратија: Мелетиј во Антиохија, Евсевиј во Самосат, а Пелагиј во Лаодикија. Во тоа време голем број епархии и парохии беа како вдовици, па Евсевиј ревнуваше да му најде на народот благочестиви пастири. Но кога дојде во градот Долихин со избраниот епископ Марин, за да го востоличи новиот архиереј, а да ја изобличи ариевската ерес којашто во овој град имаше голем замав, еден еретик-фанатик фрли од покрив ќерамида врз чесната глава на свети Евсевиј и опасно го рани. Од оваа рана големиот свет ревнител за Православието умре за да живее вечно во рајското блаженство. Пострада во 379 година.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јули
14
Јули
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Бесребреници Козма и Дамјан, во Рим пострадани (284)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Повеќе од секоја молитва и жртва, пред Господа а скапоцена скрбта за Него и поради Него.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 58

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк