Православен календар

Свети Калист I, патријарх Цариградски

20 јуни (по стар стил)

Како ученик на свети Григориј Синаит се подвизуваше на Атон, во скитот Магула, кај Филотејскиот манастир полни дваесет и осум години. Овде подоцна ја подигна светата обител на Свети Мамант. Во 1350 година беше избран за патријарх Цариградски. По четири години се оддалечи од патријаршискиот престол и дојде повторно на Света Гора. Но во времето на царот Јован Палеолог беше вратен пак на престолот на којшто како патријарх остана до смртта. Се упокои во 1368 година, на пат за Серез, одејќи накај српската царица Елена за да бара помош против Турците. Заедно со Игнатиј состави одлично раководење за подвижници. Освен тоа ги напиша и житијата на свети Григориј Синаит, свети Теодосиј Трновски, како и многубројни беседи. Интересно е да се спомне дека свети Максим Капсокаливит му ја прорече смртта на свети Калист. На патот кон Србија патријархот наврати на Света Гора. Кога го виде, свети Максим рече: „Овој старец нема веќе да го види своето стадо, зашто зад него оди надгробно пение: „Блажени се оние што непорочно одат.“

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Август
4
Септември
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ци Агатоник, Зотик, Теопрепиј, Акиндин, Северијан и други (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој има некаков духовен дар и сочувствува со оној којшто го нема истиот дар, тој заради тоа сочувство го зачувува дарот. А оној кој што се гордее со својот дар, заради својата умисленост - го губи.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 1.8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк