Православен календар

Преподобен Јован Колибар

15 јануари (по стар стил)

Роден е во Цариград, во времето на царот Лав I, од богати и угледни родители. Им беше единец на своите родители. Поттикнат од наклоноста кон духовниот живот, младиот Јован тајно побегна со еден монах во некој манастир во Мала Азија. Во тој манастир тој помина шест години во преголемо воздржание, молитва и послушност кон игуменот. Тогаш на него навали ѓаволот со искушение дека треба да го остави манастирот и да им се врати на своите родители и кај нив да живее како благородник. Тој навистина се врати во домот на родителите, но облечен како просјак. Ги виде своите родители, но не сакаше да им се јави како син, туку како просјак се насели во нивниот двор, живеејќи речиси од трошките што му ги дофрлаа слугите и трпејќи многу потсмевања од сите и од секого. Така поживеа три години молејќи Го Бога да ги спаси душите на татко му и мајка му. Кога се разболе и ја почувствува близината на смртта, им се јави на родителите, кои го препознаа по едно скапоцено Евангелие што му го подарија во детството и коешто тој го чуваше кај себе како единствен свој имот. И така овој млад човек, иако многу богат, си ја спаси душата, ги спаси душите на своите родители, го победи ѓаволот и се упокои во Господ околу 450 година.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Април
8
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
+Апостол и евангелист Марко (63)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог и гревот се наоѓаат на две спротивни страни. Никој не може да се сврти со лицето кон Бога, ако претходно не се заврти со грбот кон гревот... Кога човек се завртува со лицето кон Бога, сите негови патишта водат кон Бога. Кога човек се одвратува од Бога, сите негови патишта водат кон погибел. Кога човек сосема се одрекува од Бога и со збор и со срце, тој веќе не е способен да направи ништо што нема да биде за негово потполно разрушување, и телесно, и душевно.

Св. Никола Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк