Православен календар

Свети Григориј, епископ Ниски

10 јануари (по стар стил)

Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено настрвено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивниот едномисленик, успеаја да го симнат од епископската столица и најнакрај да го протераат во прогонство. Во прогонство помина осум години трпејќи секакви беди и понижувања. Најпосле се упокои во длабока старост на крајот од 4 век и се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата низ вековите.

Сподели на твитер
днсОктомври 2023
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Септември
3
Октомври
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Вмч. Евстатиј Плакида, жена му Теопистија и нивните деца Агапиј и Теопист (118)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Светиот апостол Јован Богослов вели дека заповедите Божји не се тешки туку лесни (1Јн. 5,3). Но, тие се лесни само поради љубовта, а ако ја нема љубовта, тогаш сè е тешко.

Преп. Силуан Атонски
Списи. XVI. 10

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк