Православен календар

Светите Дваесет илјади никомидиски маченици

28 декември (по стар стил)

Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул, христијанската вера во Никомидија цутеше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот, бавејќи се со тој град, дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да се опколи со војска и да биде запалена. Откако се собраа христијаните по полноќ и откако торжествено го започнаа својот Божествен празник, војниците ја опкружија црквата не пуштајќи никого надвор, а царски пратеник влезе во црквата и им ја објави царската заповед: или веднаш да им принесат жртва на идолите или да бидат изгорени сите. Тогаш со божествена ревност се распали архиѓаконот и почна да го потсетува христијанското собрание на тројцата младенци во печката Вавилонска. „Погледнете, браќа, кон жртвеникот на Господовиот олтар и разберете дека на него сега за нас се жртвуваше нашиот Господ Кој е вистински Бог; зарем ние да не ги положиме за Него нашите души на ова свето место?“ Народот ревнуваше да умре за Христа, а сите огласени се крстија и се миропомазаа. Тогаш војниците ја потпалија црквата од сите страни, а христијаните, на број дваесет илјади, изгореа во пламенот воспевајќи ја славата на Бога. Пет дена по ова, црквата гореше, а од неа се креваше чад со неопислив опоен мирис и на она место се покажуваше необична златозарна светлина. Така славно завршија многубројни мажи и жени, девојки и деца, примија венец на вечна слава во Царството Господово. Пострадаа и се прославија во 302 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
23
стар
стил
Април
6
Мај
нов
стил
Пон., Светла седм. Не се пости.
Светол Понеделник
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Среќен е човекот во кого има љубов Божја, бидејќи он во себе Го носи Бога. Во кого има љубов, тој заедно со Бога е над сè. Во кого има љубов, тој не се плаши, од никого никогаш не се гнаси, пред никого не се превознесува, никого не клевети, а оние кои клеветат не ги слуша, не соперничи, не завидува, не се радува на туѓите падови, не го оцрнува оној којшто паднал, туку сочувствува со него и му помага, не го презира братот кој има потреба од нешто, туку се застапува и е готов да умре за него. Во кого има љубов, тој ја исполнува волјата Божја.

Преп. Ефрем Сирин
Духовно-морални писма

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк