Православен календар

Свети Нифонт Чудотворец

23 декември (по стар стил)

Роден е во Пафлагонија, воспитан во Цариград на дворецот на еден војвода. Како млад западна во лошо друштво и се расипа, се предаде на мноштво гревови и пороци. Заради гревовите, не можеше ниту да Му се моли на Бога. По милоста на Пресвета Богородица се врати на патот на правдата и се замонаши. Имаше безброј виденија од небесниот свет. Четири години водеше тешка борба со демонот којшто постојано му шепотеше: „Не постои Бог! Не постои Бог!“ Но, кога му се јави Самиот Господ Исус како жив на иконата, Нифонт стекна голема сила над злите духови и се ослободи од тешките искушенија. Беше толку прозорлив што ги гледаше ангелите и демоните околу луѓето исто како што ги гледаше луѓето и ги распознаваше човечките помисли. Со ангелите разговараше често, а со демоните се препираше. Ѝ подигна црква на Пресвета Богородица во Цариград, собра монаси и мнозина ги спасуваше. Александрискиот архиепископ Александар по откровение од небото го посвети за епископ на градот Констанциј на Кипар. Во тоа време светиот Нифонт беше веќе стар. Добро управуваше со Црквата некое време, па се пресели во Царството Христово. Пред смртта го посети свети Атанасиј Велики, тогаш како архиѓакон на александриската Црква, и му го виде лицето после смртта осветлено како сонце.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Јануари
19
Јануари
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Богојавление.
Крштевање на Господа
Иисуса Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако човекот не му кажува сè на духовникот, тогаш неговиот пат е крив и не води кон спасение, а оној што кажува сè тој ќе влезе во Царството Небесно.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XIII. 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк