Православен календар

Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски

19 декември (по стар стил)

Најпрво беше ѓакон на медиоланската Црква и имаше многубројни виденија. По Божја Промисла беше одведен во Александрија, каде што патријархот Протериј, по едно небесно откровение, го ракоположи за епископ на Омиритската земја, во јужна Арабија, којашто свети Елезвој (се слави на 24 октомври) тукушто ја беше ослободил од тиранинот Дунаан Евреинот. Свети Григориј се памти како добар пастир и голем чудотворец. Со помош на христољубивиот цар Аврамиј ја уреди омиритската Црква, подигна многу храмови и крсти голем број Евреи. Вршеше големи и страшни чуда со молитва; на неговата молитва пред неверните Евреи се јави и Самиот Господ Христос, а тоа беше пресудно за да се крстат. Управуваше со Црквата триесет години. Се упокои мирно во 552 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
15
стар
стил
Април
28
Април
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Ап. од 70-те Аристарх, Пуд и Трофим (67)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Со сите сили барај од Господа смирение и братска љубов, бидејќи за љубовта кон братот Господ бесплатно ја дава Својата благодат. Самиот испитај: еден ден барај од Бога љубов кон братот, а другиот живеј без љубов и тогаш ќе ја увидиш разликата.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XVI. 8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк