Значење на името
Игнатиј
Машко име
Оригиналната форма на името е: Ignatius
Името е со латинско потекло.
Значење на името: веројатно потекнува од етрурското презиме со непознато потекло Egnatius, но подоцна се реинтерпретира како поврзано со латинскиот збор ignis, што значи оган, и почнува да се пишува со почетно I.
Соодветствува на словенското име Огнен
Именден
Свештеномаченик Игнатиј Богоносец (107) се празнува на 20 декември (по стар стил), т.е. 2 јануари (по нов стил).
Други светители со ова име се:
- Свети Игнатиј Брјанчанинов, епископ Кавказски и Черноморски (1867) се празнува на 30 април (по стар стил), т.е. 13 мај (по нов стил).
- Свети Игнатиј, епископ Ростовски (1288) се празнува на 28 мај (по стар стил), т.е. 10 јуни (по нов стил).
- • Преподобномаченик Игнатиј (1814) се празнува на 1 мај (по стар стил), т.е. 14 мај (по нов стил).
- • Преподобен Игнатиј монах од гората Стирион се празнува на 26 јули (по стар стил), т.е. 8 август (по нов стил).
- • Новопреподобномаченик архим. Игнатиј (Бирјуков) се празнува на 14 септември (по стар стил), т.е. 27 септември (по нов стил).
- • Преподобен Игнатиј (963-975) се празнува на 27 септември (по стар стил), т.е. 10 октомври (по нов стил).
- • Маченик Игнатиј Бугарски се празнува на 8 октомври (по стар стил), т.е. 21 октомври (по нов стил).
- • Свети Игнатиј, архиепископ Метимнски се празнува на 14 октомври (по стар стил), т.е. 27 октомври (по нов стил).
- Новомаченик Игнатиј Атонски се празнува на 20 октомври (по стар стил), т.е. 2 ноември (по нов стил).
- • Свети Игнатиј, патријарх Константинополски (877-878) се празнува на 23 октомври (по стар стил), т.е. 5 ноември (по нов стил).
- • Преподобен Игнатиј, монах се празнува на 7 декември (по стар стил), т.е. 20 декември (по нов стил).
- • Преподобен Игнатиј, архим. Печерски (1435) се празнува на 20 декември (по стар стил), т.е. 2 јануари (по нов стил).
- • Преподобен Игнатиј Ломски, Јарославски (1591) се празнува на 28 декември (по стар стил), т.е. 10 јануари (по нов стил).