Православен календар

Преподобен Аксентиј

14 февруари (по стар стил)

Мошне угледен богаташ меѓу големците и дворјаните на царот Теодосиј Помладиот. Загреан со љубовта Христова Аксентиј се замонаши и пребиваше уште недолго време во Цариград. Кога почнаа за него да зборуваат пофално, побегна од човечките пофалби и се оддалечи на една гора близу Халкидон, којашто потоа се нарече Аксентиева Гора. Не му се оствари желбата да остане таму засекогаш скриен од луѓето, зашто го најдоа овчарите и разгласија за него. И почнаа кај него да донесуваат болни за исцеление. И тој исцели многумина. На еден слеп му го врати видот, очисти лепрозни, ги помаза со елеј, подигна еден фатен и мнозина демонизирани ги ослободи од демоните. Уште поголема восхит предизвикува неговото смирение со кое ги примаше оние што ќе одведеа кај него болни заради молитвена помош. Или ќе ги помолеше присутните да застанат на заедничка молитва кон Бога за болниот, или прво ја утврдуваше верата кај луѓето, па ги уверуваше дека ќе им биде според верата, или над главата на болниот изговараше: „Те исцелува Господ Исус Христос“. Сето ова го правеше само за да не му се припишува чудотворството нему, туку на Бога Кој е семоќен. Учествуваше на Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон и многу силно го штитеше Православието од ересите на Евтихиј и Несториј. Господ ја зеде неговата душа кај Себе кога беше во длабока старост. Се упокои во 470 година.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Февруари
16
Февруари
нов
стил
Понеделник. Без месо.
Св. Симеон Богопримец и пророчица Ана (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Човекот во овој свет е должен да го реши проблемот: ќе биде ли со Христа, или ќе биде против Него. И секој човек, сакал или не сакал, го решава тој проблем. Или ќе биде христољубец, или христоборец. Трето нема.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн. 4,3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк