Православен календар

Свети Симеон Богопримец

3 февруари (по стар стил)

Во времето на египетскиот цар Птоломеј Филаделф, овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот „девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на грчки. Но, во тој миг му се јави Ангел Божји и го задржа од неговата намера, објаснувајќи му дека пророштвото е вистинито и дека запишаното е точно. А дека е вистинито и точно, му кажа Божјиот известител дека ќе се увери и самиот, зашто по Божја волја нема да умре дури не Го види Месијата роден од девојка. Праведниот Симеон му се израдува на ваквиот глас од небото, го остави пророштвото неизменето и Му заблагодари на Бога што го удостојува да доживее да Го види Ветениот. Кога Исус како Младенец беше донесен во Ерусалимскиот храм од Дева Марија, за ова Духот Божји му јави на старецот Симеон, којшто беше престарен и бел како лебед. Симеон брзо отиде во храмот и таму ја препозна Дева со Младенецот, според светлината што зрачеше од нив како ореол. Радосен старецот Го зеде Христа на своите раце и Го замоли Бога да го отпушти од овој живот: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, според зборовите Твои, зашто очите мои го видоа спасението Твое“. Овде се најде и пророчицата Ана, ќерка Фануилова, којашто и самата Го позна Месијата и му Го објави на народот. Ана тогаш имаше осумдесет и четири години. Наскоро потоа Свети Симеон се претстави. Праведниот старец Симеон се смета за заштитник на малите деца.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Август
4
Септември
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ци Агатоник, Зотик, Теопрепиј, Акиндин, Северијан и други (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Радосно е да се чувствува дека помеѓу луѓето немаме и не може да имаме непријатели, а имаме само несреќни браќа кои се достојни за сожалување и помош, па дури и тогаш кога тие - заради недоразбирање - стануваат наши непријатели и војуваат против нас. Тие не разбираат дека непријателот се наоѓа во нас самите и дека најпрвин треба него да го избркаме од себеси, а потоа и на другите да им помагаме да го сторат истото. Ние имаме еден заеднички непријател – тоа е ѓаволот и неговите зли духови, а човекот, колку и да паднал ниско, никогаш не ги губи барем неколкуте искри на светлина и добрина коишто можат да се распалат во силен пламен. А ние немаме никаква добивка од војувањето со луѓето, дури ако тие постојано ни задаваат различни удари и навреди... Да се војува со луѓето – тоа значи да се застане на нивната лажна позиција. Дури и во случај на успех, таа војна ништо не би ни дала, а би нè оддалечила на долго од нашата задача.

Свшт-испов. Роман Медвед
Писмо кон ќерката од логор, 1932

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк