Православен календар

Сретение Господово

2 февруари (по стар стил)

Во четириесеттиот ден по Рождество, Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (3Мој. 12, 2-7; 2Мој. 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захарија, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зошто го видоа очите мои спасението Твое.“ Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Еве, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот.“ Ана, пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва, и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на Ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите присутни во храмот, штом видоа и слушнаа сè, се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но, во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и, според упатство на ангелот Господов, се упати кон Египет. Денот Сретение меѓу христијаните се празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.

Сподели на твитер
днсМарт 2026
Н116
П217
В318
С419
Ч520
П621
С722
Н823
П924
В1025
С1126
Ч1227
П1328
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Март
15
Март
нов
стил
Крстопоклона недела, Велик Пост. Масло.
Свмч. Теодот, еп. Киринејски (326)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако на некого му го злопамтиш, тогаш моли се за него; и со молитва одделувајќи ја тагата од сеќавањето за злото коешто ти го направил, ќе ги сопреш движењата на страстите; а станувајќи дружељубив и човекољубив, совршено ќе ја изгониш таа страст од душата. Кога некој друг ти се лути, биди кон него ласкав, смирен и однесувај се кон него со добро и ќе го избавиш од страста.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја љубовта. 3. 90

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк