Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението учеше во Атина заедно со свети Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка, Нона. Кога го заврши школувањето, Григориј се крсти. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен Богослов. Особено значајно е неговото дело „Беседа за Света Троица.“ Пишуваше и против еретикот Македониј, којшто учеше искривено за Светиот Дух (како Духот да е Божјо создание) и против Аполинариј, којшто учеше искривено за Христос дека немал човечка душа, туку дека Неговото Божество му било наместо душа. Пишуваше и против царот Јулијан Отстапник, неговиот некогашен школски другар. Во 381 година, кога во Соборот настана расправија околу неговиот избор за архиепископ, тој се повлече самиот, откако рече: „Не можат да нѐ лишат од Бога оние што нѐ лишуваат од престолот“. Потоа го напушти Цариград, отиде во Назијанз и таму до смртта поживеа во повлеченост, молитва и пишување корисни книги. Иако беше со слабо здравје цел живот, сепак доживеа осумдесет години. Моштите подоцна му ги пренесоа во Рим, а главата му се наоѓа во Успенскиот Собор во Москва. Беше и остана прекрасно светило на Православната Црква, како по кротоста и чистотата на карактерот така и по ненадминливо длабокиот ум. Се упокои во Господ во 390 година.
д | н | с | Јануари 2025 |
---|---|---|---|
С | 1 | 19 | |
Ч | 2 | 20 | |
П | 3 | 21 | |
С | 4 | 22 | |
Н | 5 | 23 | |
П | 6 | 24 | |
В | 7 | 25 | |
С | 8 | 26 | |
Ч | 9 | 27 | |
П | 10 | 28 | |
С | 11 | 29 | |
Н | 12 | 30 | |
П | 13 | 31 | |
В | 14 | 1 | |
С | 15 | 2 | |
Ч | 16 | 3 | |
П | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Н | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
В | 21 | 8 | |
С | 22 | 9 | |
Ч | 23 | 10 | |
П | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Н | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
В | 28 | 15 | |
С | 29 | 16 | |
Ч | 30 | 17 | |
П | 31 | 18 |