Православен календар

Светите маченици Ина, Пина и Рима

20 јануари (по стар стил)

Овие маченици потекнуваа од Мала Скитија, која се простира од десната страна на Дунав кон Тракија, и беа ученици на светиот апостол Андреј. Се смета дека се првите Словени кои пострадале за христијанската вера. Го проповедаа името Христово меѓу варварите и многумина од нив приведоа кон верата и ги крстија. Заради тоа беа фатени од кнезот на варварите кој се обидуваше на секакви начини да ги принуди да се откажат од Христа и да им принесат жртва на идолите. Бидејќи не успеа, нареди да ги заврзат на дрвени столбови и да ги постават во замрзнатата река. Во таква положба, измачени од студот и мразот тие Му ги предадоа душите свои на Господа.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Октомври
10
Ноември
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Мч. Параскева (III); Преп. Јов Почаевски (1651); Св. Димитриј Ростовски (1709)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Сè треба да се прави со расудување и човек треба да ги знае своите мерки, за отпосле да не се смутува. Да се прави преку сила милостина, пост или нешто друго е безрасудно и го води кон смут, униние и ропот оној што тоа го извршува. Бог го сака тоа што е според силата на човекот.

Преп. Варсануфиј Велики
Раководство, 627

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк