Православен календар

Светиот маченик Севастијан и другите со него

18 декември (по стар стил)

Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како на лице на Ангел Божји. Севастијан го потврди словото со чудотворство: ја исцели од немост Зоја, жената на затворскиот стражар Никострат, која беше нема шест години и ја приведе кон Крштение неа и сиот дом на Никострат; ги исцели двајцата болни синови на војводата Клавдиј и го приведе кон Христа Клавдиј и сиот негов дом; го исцели од единаесетгодишна подагра и ногоболка Транквилин, таткото на Марко и Маркелин и го приведе кон Крштение заедно со сиот негов дом; од истата болест го исцели епархот Хроматиј и него и неговиот син Тивуртиј ги приведе кон Господ Христос. Од нив прва пострада Зоја, којашто ја фатија како Му се моли на Бога на гробот на светиот апостол Петар. После мачењето ја фрлија во реката Тибар. Тогаш го фатија Тивуртиј, пред кого судијата постави жар и му рече да избере меѓу животот и смртта, да фрли темјан врз жарот и да ги покади идолите или самиот да застане бос на жарот. Тивуртиј се прекрсти и застана на жарот босоног, но остана неповреден. Потоа го убија со меч. Никострат го убија со стап. Транквилијан го удавија во вода. Марко и Маркелин ги мачеа и ги избодоа со копја. Тогаш го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан. Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“. Царот нареди гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и здрав. Тогаш незнабошците го убија со стапови. Славно пострада за Христа во 287 година, во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ Гај.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Април
2
Мај
нов
стил
Чет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Четврток
на Тајната Вечера
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој се бои од Господа, тој е над секој страв, тој ги отстранил и ги оставил далеку зад себе сите стравови на овој свет, и никаков трепет не се приближува до него.

Преп. Ефрем Сирин
За стравот Божји и за последниот суд

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк