Православен календар

Зачнувањето на Света Ана

9 декември (по стар стил)

Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави Архангел Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица (поопширно под 9 септември).

Сподели на твитер
днсСептември 2023
П119
С220
Н321
П422
В523
С624
Ч725
П826
С927
Н1028
П1129
В1230
С1331
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Септември
23
Септември
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Душата која е грешна и заробена од страстите, таа не може да има мир и да се радува во Господа, па дури и ако владее со сите богатства на светот, дури и ако царува над сиот свет. Ако на таков цар, којшто весело пирува и си седи на престолот во целата негова слава, одненадеж му речеш: „Цару, ти сега ќе умреш“ тогаш неговата душа ќе се возмути и ќе затрепери од страв, и тој би ја видел својата немоќ. А колку има сиромаси, кои што се богати само со љубов кон Бога и на кои ако им кажеш: „ти сега ќе умреш“ би одговориле со мир: „Нека биде волјата Господова. Слава Му на Господа што се сетил на мене и што сака да ме земе.“

Преп. Силуан Атонски
Списи, IV.3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк