Православен календар

Свети Сава Осветен

5 декември (по стар стил)

Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (се слави на 20 јануари) и Теоктист. прозорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на сите времиња. По смртта на свети Ефтимиј, Сава се оддалечи во пустина, каде што во една пештера, којашто му ја покажа Ангел Божји, помина како отшелник пет години. Потоа, кога стана совршен монах, по Божја Промисла околу него почнаа да се собираат многумина ревнители за духовниот живот. Набрзо се собраа во толкав број, што Сава мораше да изгради црква и многубројни келии. Дојдоа и некои Ерменци, на коишто тој им одреди пештера за во неа да служат на ерменски јазик. Кога умре татко му, кај него дојде неговата остарена мајка Софија, којашто тој ја замонаши и ѝ даде келија подалеку од неговиот манастир, па во неа таа се подвизуваше до крајот на животот. Овој свет отец претрпе многу напасти од ближните, од еретиците и од демоните. Но, тој сите ги победуваше, блиските со благост и попустливост, еретиците со непоколебливо православно исповедање, а демоните со крсниот знак и повикувајќи Го на помош Бога. Особено голема борба имаше со демоните на гората Кастела, каде што го основа својот втор манастир. Тој и неговиот сосед Теодосиј Велики се сметани за најголеми светила и столбови на Православието на Исток. Тие ги исправаа царевите и патријарсите во верата, а на сите им служеа како пример на светителско смирение и на чудесната Божја сила. После трудољубивиот и многуплоден живот свети Сава се упокои во 532 година, во деведесет и четвртата година од својот живот. Меѓу другото, тој го устрои манастирскиот типик на богослужење, којшто подоцна се рашири по целото Православие и стана познат како Јерусалимски устав.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Април
1
Мај
нов
стил
Сре., Страстна седм. Строг пост.
Велика Среда
на помазувањето на Христа со скапоцено миро
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако си богат – размисли дали би можел достојно да ја претрпиш сиромаштијата. Ако си среќен - претстави си како достоинствено да ја пресретнеш несреќата. Ако луѓето те фалат - мисли дали ќе можеш достојно да ги претрпиш и навредите. И целиот живот размислувај како достојно да ја дочекаш смртта.

Св. Николај Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк