Православен календар

Свети Јован Молчалник

3 декември (по стар стил)

Родум од Никопол Ерменски, од татко Евкратиј и мајка Ефимија. Во неговата осумнаесетта година стана монах и се подвизуваше цврсто и одлучно, чистејќи си го срцето со многу солзи, постејќи и молејќи се. После десет години беше поставен за епископ Колониски. Со својот пример кон богоугоден живот го привлече и својот брат Пергамиј и чичко му Теодор, коишто беа луѓе угледни на дворецот на царевите Зинон и Јустинијан. Гледајќи ги злобата и метежот на овој свет коишто тој не можеше да ги излечи, го напушти епископскиот престол и преоблечен во прост монах дојде во обителта на Свети Сава кај Јерусалим, каде што остана непознат многу години, вршејќи усрдно и совесно секакво послушание на коешто беше одредуван од игуменот. Заради ова свети Сава му предложи на патријархот Илија да го ракоположи за презвитер. Кога патријархот сакаше да го ракоположи Јован, Јован му призна дека е веќе посветен во епископскиот чин. Тогаш свети Јован се затвори во келија, и години и години помина во молчење и молитва. Потоа мина девет години во пустина, хранејќи се само со диво зелје, па повторно се врати во манастирот. Ги одвраќаше верните од Оригеновата ерес и многу придонесе за таа ерес да се сотре и осуди. Проѕираше јасно во духовниот свет и ги исцелуваше луѓето од болести. Откако се победи самиот себеси, лесно ги победуваше демоните. Голем во смирението, во Божествената сила и мудрост, овој Христов слуга мирно се упокои во 558 година, во сто и четвртата година од својот живот.

Сподели на твитер
днсДекември 2025
П118
В219
С320
Ч421
П522
С623
Н724
П825
В926
С1027
Ч1128
П1229
С1330
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Ноември
11
Декември
нов
стил
Чет., Божикен пост. Масло.
+Св. 15 свмч. Тивериополски (IV); Прмч. и исп. Стефан Нов (767)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој не љуби, не само што пребива во духовна смрт, туку и секое негово дело, дури и да има надворешен изглед на добродетел – мртво е и бесплодно, а секој негов збор е бездушен.

Св. Филарет Московски
Слово кон оние кои се заветуваат

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк