Православен календар

Светата маченичка Миропија

2 декември (по стар стил)

Родена е во Ефес од родители христијани. По смртта на татко ѝ, со мајка ѝ се пресели на островот Хиос, каде што пострада за Христа. Страдањето на оваа света девица стана недолго после страдањето и смртта на славниот маченик Исидор војник (под 14 мај). Кога мачителите го убија Исидор, храбрата Миропија тајно го зеде неговото тело, го покади и чесно го погреба на едно посебно место. Свирепиот кнез Нумеријан слушна дека телото на маченикот е украдено, па сакаше да ги погуби стражарите. Кога дозна дека невини луѓе ќе страдаат заради нејзиното дело, блажената Миропија се пријави сама пред власта и призна дека таа го украла и го погребала телото на маченикот. По наредба на кнезот ја биеја по целото тело и најпосле сета во рани ја фрлија во затвор. Но, Господ не ја остави Својата маченичка без утеха. На полноќ, затворот го осветли небесна светлина и ѝ се јави мнозинство ангели со светиот Исидор среде нив. „Мир на тебе, Миропијо,“ ѝ рече свети Исидор, „дојде молитвата твоја пред Бога и наскоро ќе бидеш со нас и ќе го примиш венецот што е за тебе подготвен“. Светата страдалница се израдува и во тој миг Му го предаде својот дух на Бога. Од нејзиното тело излезе благоухан мирис, којшто го исполни сиот затвор. Еден од стражарите го виде и го почувствува сево ова, поверува во Христа, се крсти и наскоро и самиот прими маченичка смрт. Света Миропија се пресели во вечноста во 251 година.

Сподели на твитер
днсОктомври 2024
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Септември
9
Октомври
нов
стил
Среда. Пост.
+Упокоение на апостолот и евангелист Јован Богослов (II)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во Писмото е речено дека лагата е од лукавиот и дека тој е „татко на лагата“ (Јн. 8,44), а вистината е Бог бидејќи Самиот Он вели: „Јас сум патот, вистината и животот“ (Јн. 14,6). Така што гледате од Кого се разделуваме и со кого се соединуваме преку лагата. Затоа, ако навистина сакаме да се спасиме, тогаш сме должни со сета љубов да ја љубиме вистината и да се чуваме од секоја лага. Има три различни видови на лага: со мисла, со збор и со самиот живот. Со мисла лаже оној кој ги прима за вистина своите претпоставки, односно празните подозирања во ближниот: таквиот кога ќе види дека некој разговара со својот ближен, почнува да нагаѓа, па вели: „тој за мене зборува.“ Ако некој каже збор, тогаш подозрева дека е кажан за него да го оскрби... Никогаш не им верувај на своите претпоставки и подозревања, бидејќи кривата мерка и правото го прави криво. Претпоставките на луѓето се лажни и му штетат на оној кој што им се предава. А со збор лаже оној, кој, на пример, поради униние го мрзело да стане за служба и не вели: „прости ми што поради мрза не станав”, но вели: „имав температура, бев до крајност исцрпен од работа, немав сила да станам, бев болен”, и изговара десет лажни зборови за да не направи еден поклон и не се смири. И доколку во ваков случај тој не се укори себеси, непрестано ќе ги менува своите зборови и ќе спори, само за да не претрпи укори. Со живот, пак, лаже оној, кој, ако е блудник - се прави дека е воздржан, ако е користољубив - го фали милосрдието, иако е надмен - се фали со смирението. Да ги избегнуваме лагите за да се избавиме од лукавиот и да се потрудиме да ја усвоиме вистината за да имаме единство со Бога.

Ава Доротеј
Душеполезни поуки, 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк