Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но, Сузана Му беше целата предадена на Господа Христа и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив и нивните цели домови. Разјарен заради ова, царот нареди та џелатите ги одведоа Клавдиј и Максим со нивните семејства во Ости, каде што ги изгореа на оган и пепелта од нив ја фрлија во морето. Сузана пак, беше убиена со меч во куќата на Гавиниј. Жената на царот, Сирена, потајна христијанка, ноќе го зеде телото на маченичката и чесно го погреба. А папата Гај ја претвори онаа куќа во којашто ја погубија светата Сузана во црква и во неа служеше служби. Наскоро по страдањето на оваа Христова невеста пострада и нејзиниот татко Гавиниј и чичко ѝ, папата Гај. Чесно пострадаа за Христа и примија венци на невенлива слава во 295 и 296 година.
д | н | с | Март 2025 |
---|---|---|---|
С | 1 | 16 | |
Н | 2 | 17 | |
П | 3 | 18 | |
В | 4 | 19 | |
С | 5 | 20 | |
Ч | 6 | 21 | |
П | 7 | 22 | |
С | 8 | 23 | |
Н | 9 | 24 | |
П | 10 | 25 | |
В | 11 | 26 | |
С | 12 | 27 | |
Ч | 13 | 28 | |
П | 14 | 1 | |
С | 15 | 2 | |
Н | 16 | 3 | |
П | 17 | 4 | |
В | 18 | 5 | |
С | 19 | 6 | |
Ч | 20 | 7 | |
П | 21 | 8 | |
С | 22 | 9 | |
Н | 23 | 10 | |
П | 24 | 11 | |
В | 25 | 12 | |
С | 26 | 13 | |
Ч | 27 | 14 | |
П | 28 | 15 | |
С | 29 | 16 | |
Н | 30 | 17 | |
П | 31 | 18 |